Патријархот Кирил, кој е на чело на Московска Патријаршија, во својот говор на 12 јули 2025 година во храмот на “Св. Петар и Св. Павле“ во Санкт Петерсбург, изненадно се расфрли со особено слугински комплименти кон диктаторот и убиец Владимир Путин, богохулно нарекувајќи го „православен човек“ кој:


„Не е некој случаен парохјанин кој ја имитира верата на мнозинството, туку црковен човек, искрено побожен.
Можевме ли да помислиме и да сонуваме за тоа? Не можевме.
А Господ доведе сè до она што го имаме денес.“



Господи, помилуј нè што ги читаме овие богохулни зборови!

Повеќе од милион убиени и осакатени невини луѓе – многумина од нив православни христијани, уништени до темел древни православни словенски градови и населби заедно со храмови и светињи, култот на војната и масовните убиства, прогонување на оние кои се осмелуваат да проговорат против војната.


И сето тоа – по волја на еден диктатор и неговата свита, и со благослов на патријархот на Московска Патријаршија!


Во Русија порано велеле: „Бог, кога сака да го казни човекот, прво му го одзема умот.“


Во однос на делата на Кирил Гундјаев и неговите соработници, можеме да кажеме:

„Ѓаволот, сакајќи да го уништи човекот, ја гаси неговата совест.“


Патријархот Кирил, лицемерно изненаден од „препородот“ на православието во Руската Федерација, прашува:


„Како така? Зарем бабичките што останаа верни ја скршија моќта на суперсилата?“


„Зошто атеистичкиот режим се урна преку ноќ?“ Работата е во тоа што богоборечкиот режим не се урна, туку само надворешно се преправаше дека е урнат, без внатрешно покајание. Откако уништи сѐ духовно бесценето што постоеше во нашата земја, потоа ја присвои надворешната форма на тие вредности – руската историја, симболиката, самото име „Руски“, и, Светињата над светињите – Православната Црква. Откако ја уништи, искоренувајќи ја вистинската Црква, ја замени со сталинистичка лажна црква, која само надворешно е црква, а во нејзината внатрешност – срамотија и гадост на опустошување – како што отсекогаш укажувале многу истакнати претставници на РПЦЗ, меѓу кои и рускиот филозоф Иван Илин и нашиот свет првоиерарх Митрополит Филарет (Вознесенски).


Московска Патријаршија, во процесот на своето паѓање, сега се прероди во сеопфатен независен оддел во структурата на државната секуларна власт на Руската Федерација и затоа, на Руската Федерација повеќе не ѝ е потребно Државно Министерство за верски работи – неговите овластувања целосно ги презеде Московската црква. Во одредена мера, таа презеде и некои функции на Комунистичката партија како идеолошка организација. Престанувајќи да биде Црква Христова, таа стана „световна црква“. Затоа гранката на оваа руска државна организација во Украина толку упорно се спротивставува. А вака ќе се спротивставуваат и нејзините други гранки (во Естонија, Белорусија, Молдавија и други поранешни советски републики) – бидејќи тие не се верски организации (како другите верски организации), туку државно-идеолошки.


Црквата е само Вистинска Црква кога е слободна и зборува со својот роден, мајчин глас, независна од никого освен од Христос. Можеме да се сетиме на митрополитите Филип Московски и Арсениј (Мацеевич), на Патријарх Никон и на последниот се-руски Патријарх Тихон – тоа е автентичниот глас на Руската Црква, која не се плашеше да ја каже вистината во Христос пред граѓанската власт (и страдаше од таа власт), глас кој е суштински различен од подаништвото и слугувањето пред злото, кое доаѓа од сегашното раководство на МП. Московската лажна црква сега зборува исклучиво со гласот на кремаљскиот тиранин Путин, богохулно претставувајќи го како гласот на Самиот Христос.


Гледајќи на тоа што се случува, тажно е да се констатира дека руското „институционално“ Православие престана да постои, најпрво губејќи ја слободата во Христос под митрополитот Сергиј Страгородски, а конечно и престанувајќи со своето духовно постоење под Кирил Гундјаев. За жал, Московската патријаршија повеќе нема сили способни да го вратат кон Христос овој некогашен дел од Руската Црква, кој сега стана сервилна политичка институција што ѝ служи на криминалната власт „не од страв, туку од совест“.


Се разбира, дури и во Украина сегашните власти се непријателски настроени кон Православието поради нивната неподготвеност да се вратат кон почетоците на православната украинска хетманштина, иако нивните претседатели се колнат на Евангелието и го примаат хетманскиот був, но тие, за жал, остануваaт само надворешни атрибути, без никаква внатрешна содржина. Последниот православен украински хетман Павел Скоропадски беше симнат, и за жал, нема кој повторно да ја оживее неговата дејност тука.


Но мора да се признае дека властите во Украина не се обидуваат да навлезат во човечката душа и да диктираат, како што тоа го правеа и го прават советските власти, и затоа неполитичката Црква Христова овде е многу послободна отколку во Руската Федерација.


Сега, во услови на војна, поддржувачите и „соработниците“ на воениот злосторник Кирил Гундјаев, кој благословува масовни убиства и насилства во Украина, се прогонувани. Не може да биде поинаку, ниту пак треба. Жалосно е што властите во Украина не прават разлика меѓу поддржувачите на сегашниот политизиран московски лажен патријарх и обичните верници кои се искрено невини и мислат дека страдаат заради својата вера. За жал, тие не страдаат за православната вера, туку заради приврзаноста кон злото на своето свештенство. Дај Боже сите православни луѓе во Украина и во Руската Федерација „да дојдат до познанието на вистината“!


15 Канон на Првиот и Вториот Вселенски Собор вели: „Оние што се одделуваат од општењето со својот поглавар поради некоја ерес осудена од светите собори или отци (ако тој јавно проповеда ерес и отворено ја поучува во црквите), не само што не се подложни на епитимијата што ја назначуваат каноните за тоа што пред соборното решение се заштитиле од општење со именуваниот епископ, туку заслужуваат и чест што му прилега на православниот. Зашто тие не осудија епископи, туку лажни епископи и лажни учители, и не го нарушија единството на Црквата со раскол, туку се обидоа да ја спасат Црквата од расколи и поделби.“


Врз основа на самиот дух на овој канон, сите христијани треба што побрзо да прекинат секое општење со Кирил Гундјаев, инаку злото што доаѓа од него ќе премине и на оние кои се во црковно единство со него, односно на сите што се во евхаристиско општење со Московска Патријаршија.


Ако некој мисли дека нема ерес во дејствијата на Кирил Гундјаев — тогаш немало ерес ниту во предавството на Јуда, исто како што немало во дејствијата на предавникот на Црквата во рацете на богооборците, митрополит Сергиј Страгородски; туку имало отпадништво од Бога без ерес, што е многу пострашно од ереста, која често настанува како банална заблуда. Но, во споменатиот говор на Кирил Гундјаев има и неспорна ерес, кога тој тврди дека „во џамиите се обраќаат кон Бога“ — дали кон Христос Бог? Ете ја вашата ерес.


Она што е кажано за Московска Патријаршија важи и за целото таканаречено „светско православие“. Ако Московската црква целосно го компромитираше руското Православие, тогаш Константинопол го компромитираше останатото Православие, натпреварувајќи се со Москва. Дури и надежта за заедничко воскресение на Православието пресуши, бидејќи нема духовно авторитетни луѓе целосно посветени на Христос, кои би биле достојни да ги обединат останатите верници околу себе. А дури и да се појави таква личност, патријаршиската и државната власт во рацете на системот нема да му дозволи да стекне доволно влијание врз народот, исто како што првосвештениците и фарисеите му попречуваа на Христос да го води народот по Него.


Во процесот на својот пад, Московска Патријаршија се претвори во независен секуларен оддел во рамките на државната власт на Руската Федерација — затоа Руската Федерација повеќе нема потреба од државен Оддел за верски работи, бидејќи неговите функции сега успешно ги извршува самата Московска црква. На многу начини таа презеде дел од функциите на Комунистичката партија. Престанувајќи да биде Црква Христова, таа стана „световна црква“. Затоа нејзината гранка, како дел од оваа руска државна организација, толку тврдоглаво се спротивставува во Украина. Исто така ќе се спротивставуваат и сите нејзини други филијали (во Естонија, Белорусија, Молдавија и другите поранешни советски републики) — бидејќи тие не се верски организации (како другите верски организации), туку државно-идеолошки ентитети кои се претставуваат како религија.


Митрополит Агатангел,


Првоиерарх на Руска Православна Црква Задгранична


14 јули 2025


Извор: Orthodox Traditionalist