Отворена е официјалната веб страна на Синодалниот дом во Борего, Калифорнија, САД. На страната ќе бидат објавувани распоредите на богослужбите и информации за претстојни и изминати настани.
На веб страната е и локацијата на домот и информации за најблиските хотели (во случај сите места во домот да бидат зафатени).
При Синодалниот дом постои храм посветен на “Сите светии во Америка прославени”, чиј настојател е Преосвештениот Павле, епископ Борегски.
Ги покануваме сите наши парохијани во САД, како и гостите од други места, да го посетат Синодалниот дом и заедно да се помолиме на богослужбите!
Интернет адреса на Синодалниот дом: https://rocaborrego.org/index.html
Порака на добредојде од Епископ Павле
Возљубени браќа и сестри во Христа,
Со љубов и радост ве пречекуваме во нашиот духовен дом. Без разлика дали сте православни христијанин од раѓање, или пак сте во потрага по мирот и вистината на древната вера, ве покануваме да ни се придружите во молитва, богослужение и заедништво.
Нека Господ го благослови вашиот пат и нека ве укрепи преку молитвите на сите светии што засветлија во Америка.
Со љубов во Христа,
Епископ Павле